Преведување:Вонмрежно

From translatewiki.net
Revision as of 22:28, 16 September 2015 by Macofe (talk | contribs)
(diff) ← Older revision | Latest revision (diff) | Newer revision → (diff)
Jump to navigation Jump to search


translatewiki.net
Вовед
На прво место
Translation tutorial
Како да почнете
Поврзано
Напатствија за локализација
Вонмрежно преведување
ЧПП
Поддршка

Ова е помошна страница за корисниците кои сакаат да работат на преводи неприклучени на семрежјето.

Во Службена:Преведување можете да извезете група пораки во „.po/gettext“-податотека и да преведувате во неа вонмрежно. Можете да ги подигнете или увезете преводите ако имате статус на вонмрежен преведувач (можете да поднесете барање за таков статус откако ќе докажете дека сте доверлив мрежен преведувач). Ако поднесувате преводи првпат, збијте ја gettext-податотеката и испратете ја по е-пошта на „translatewiki МАЈМУНЧЕ translatewiki ТОЧКА net“, наведувајќи го вашето корисничко име на translatewiki.net. Вашиот прв поднесок ќе ви го увезе некој од нашите технички лица.

За сите други технички предлози, предупредувања и напомена за употребата на вонмрежното преведување, погледајте ја документацијата.

Стискајќи на врската подолу ќе можете да преземете „.po/gettext“-податотека за вашиот јазик, според зададеното во нагодувањата. Оваа податотека е кодирана во UTF-8.

Горенаведените врски се предвидени посебно за MediaWiki. На Special:LanguageStats можете да појдете на било која група и таму да одберете „Export“, а потоа „Export for off-line translation“ за да извезете во gettext.

Надворешни врски до други извори