MediaWiki:Createsigndoc-head/mk

From translatewiki.net

Употребувајте го овој образец за да создадете страница „Потпиши документ“ за наведената страница, така што корисниците ќе можат да го потпишуваат. Назначете го името на страницата на која сакате да овозможите дигитално потпишување, членовите од која група ќе можат да се потпишуваат, кои полиња сакате да бидат видливи за корисниците и кои треба да бидат незадолжителни, минимална возраст на корисникот за да може да се потпише (ако не се наведе, тогаш ќе нема старосна граница); и краток воведен текст кој го опшишува документот и им дава напатствија на корисниците.

Моментално не постои начин да се избришат или менуваат потпишани документи откако ќе се создадат без директен пристап кон базата на податоци. Покрај ова, текстот на прикажаната страница кај потписот ќе биде тековниот текст на страницата, без разлика на тоа дали се вршени промени по денешниот ден. Уверете се дека сте апсолутно сигурни дека документот е на таков степен на стабилност што може да се потпипше. Исто така проверете дали сте ги назначиле сите полиња токму како што треба да стојат, пред да го испратите овој образец.