EOL:Database-translated content pages main content content page id 13/mk

From translatewiki.net

Енциклопедијата на живиот свет (EOL) има за цел да ја зголеми свеста и сознанијата за живиот свет по пат на собирање, создавање и споделување на сознанија со својот отворен, слободно достапен и доверлив дигитален ресурс. Користејќи го EOL прифаќате и се согласувате да се придржувате до следниве услови и одредби:

Научната заедница и општата јавност ја градат EOL

Со нашите заеднички напори EOL може да стане најдобриот и наопфатниот извор на информации за биоразновидноста во светот.

  • Секое лице со старост од барем 13 години може да се зачлени и така да стане член на EOL за да ја искористи можноста да даде свој придонес со содржини на EOL. За да се зачлените, посетете ја соодветната страница.
  • Секој член на EOL може да се пријави за кустос на EOL за да прегледува содржини, откако пријавницата ќе биде разгледана и доколку е одобрена од корисници назначени од заедницата на EOL. За да се пријавите за кустос, посетете ја соодветната страница.
  • Посетете ја оваа страница за да дознаете како да разликувате прегледани и непрегледани содржини.

За да дознаете на кои сè начини можете да учествувате во развојот на EOL, посетете ја страницата Помогнете ни да ја изградиме EOL.

Содржините на EOL се слободно достапни за јавноста

EOL ги нуди содржините на нејзиното семрежно место според различни правила, во зависност од тоа што сакате да правите со содржините.

  • EOL со задоволство ве кани да го посетувате и користите најзиното семрежно место, придржувајќи се до овие Услови на употреба.
  • EOL ја смета за добредојдена пренамената на содржините и ставањето на врски до содржините на EOL, според наведеното во Правилата за авторските права и ставање врски. EOL е посветена на јасно наведување на изворите на информациите на EOL и им препорачува на посетителите да ги наведуваат и посетуваат изворите на материјалите.
  • EOL ги кани членовите да ги искажат своите мислења и примедби преку е-пошта, коментари на таксонските страници и општењето преку збирки и заедници, согласно Условите за заедницата. Непрегледаните содржини ќе го задржат статусот „непрегледано“ на корисничкиот посредник.
  • EOL е посветена на создавање на збирка со отворен пристап. Накратко, сите информации што ги споделувате со EOL мора да ги споделувате и со остатокот од светот под лиценците на Криејтив комонс што дозволуваат созвавање на изведени дела, барем за некомерцијални цели. За повеќе информации, прочитајте ги Правилата за лиценцирање.
  • EOL го задржува правото да ги контролира (модерира) поднесените содржини според наведеното во Стандардите на кустосување и Условите за заедницата. На членовите на EOL ќе им биде понудена можноста да означуваат содржини на EOL како несоодветни или за подобрување.

Ставање врски

Поставањето врски е значајна функција што овозможува пребарување и поврзување на семрежните места. EOL го смета ставањето врски за добредојдено, според изјавеното во Правилата за авторските права и ставање врски.

Приватност

Користејќи ја EOL, се согласувате дека EOL може да ги собира, користи и обелоденува информациите што ги поднесувате, според наведеното во Правилата за приватноста:

Одрекување од одговорност

  • Извесни имиња, наслови, заштитни знаци и логоа што се истакнати на EOL се зачленети или обичајноправни (незачленети) знаци во сопственост на членовите на здружението на EOL, соучесниците во содржините на EOL или трети лица. Со исклучок на праведната употреба, ваквите заштитни знаци не смеете да ги користите без претходна согласност од нивните сопственици. Ништо на EOL не треба да се протолкува ополномоштување за употреба на заштитни знаци истакнати на EOL без јасна писмена согласност од нивните сопственици.
  • Доколку имате примедби и поплаки за исправноста на поднесувањето и на некоја содржина на EOL, наведувањето на нејзините извори или сте убедени дека се поставени без ваша дозвола (ако сте сопственик на авторските права или заштитниот знак), тогаш обратете се на EOL на адресата secretariat@eol.org со вашите податоци за контакт, заверена изјава за сопственост и функционална врска до тие содржини.
  • Содржините се нудат какви што се, без каква било гаранција, изјавена или подразбрана, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) подразбраните гаранции за пазарна способност, погодност за дадена цел, и/или непрекршок. EOL не сноси одговорност за евентуалната штета што би ја причинила вашата употреба на EOL или преземањето на содржини од EOL. Доколку ви треба некој конкретен совет (на пр. лекарски или ветеринарски) обратете се кај ополномоштено професионално лице со стручни познавања од дадената област.
  • EOL го задржува правото повремено да ги менува Услови на употреба без најава; измените стапуваат на сила при објавувањето на содржини. Проверувајте редовно. Неспроведувањето на некои од овие одредби од страна на EOL не значи дека таа се одрекува од тие одредби.
  • Користејќи ја EOL, вие застапувате и гарантирате дека вашата употреба е во согласност со овие Услови на употреба, вклучувајќи ја праведната употреба. Се согласувате да ја надоместувате, браните и да не ја зметате EOL за одговорна за и обврзана на какви било барања, полагани права, тврдења, трошоци, издатоци, надомести (вклучувајќи разумни правнички надоместоци), судски одлуки, задолженија, загуби, што би произлегле од или се поврзани со вашата употреба на EOL.
  • Овие Услови на употреба и нивните евентуални додавки и преработки подлежат на федерални закони и законите на Округот Колумбија, без оглед на спротивставеноста на законските начела. Во секој случај, споровите, парниците, налозите и постапките што би произлегле од, во врска со, или како последица на овие Услови на употреба ќе бидат доставени на соодветниот федерален суд.

август 2011