Jump to content

MediaWiki:Optin-improvements/mk

From translatewiki.net

Што е подобрено?

Слика од новите прегледнички јазичиња
Слика од новите прегледнички јазичиња
Подобрен прегледник

Со новиот прегледнички систем сега е полесно да видите каде сте и каде одите, каде можете да одите и како да стасате таму. Бидејќи полето за пребарување сега е преместено во горниот десен агол, алатката за пребарување е полесна за наоѓање и побрза за употреба.

Слика од подобрениот алатник за уредување
Слика од подобрениот алатник за уредување
Подобрувања во алатникот за уредување

Со новите и подобрени икони сега е појасно каква улога врши секоја алатка. Алатките се групирани во менија на отворање, и со тоа значително ја намалуваат метежот на функциите, но сепак дури и ретко употребуваните алатки ви се достапни со само едно стискање. Менито за помош ви дава брз пристап кон објасненија за вообичаената употреба на вики-ознаките (кодот).

Како да се приклучите

За да дознаете повеќе за проектот или пак да се вклучите, посетете го Викито на Иницијативата за употребливост. Таму ќе најдете информации за нашата дотација, истражување, дизајн + развој и изданија. Ако сакате да поставувате прашања или да искажете општо мислење, обратете ни се на нашата прототип-страница за разговор. За дискусија по некоја конкретна тема, користете ги посебните страници за разговор наведени таму. Ако најдете бубачки, тогаш оставете коментар на страница за разговор на Babaco или пак употребете ја Bugzilla.

Ви благодариме и ги очекуваме вашите мислења!