MediaWiki:Prefswitch-main/mk

From translatewiki.net
Изглед на новиот прегледнички посредник на Википедија (зголеми)
Изглед на основниот посредник за уредување на страници (зголеми)
Изглед на новата кутија за внесување врски

Екипата за корисничко искуство на Фондацијата Викимедија работеше со доброволци од заедницата за да ви ги олесни нештата. Со задоволство ве известуваме за направените подобрувања, новиот изглед и чувство, како и упростените функции за уредување. Овие промени имаат за цел да им го олеснат почетокот на новите учесници, и се засноваат на ланските испитувања на употребливоста. Подобрувањето на употребливоста на проектите претставува приоритет за Фондацијата Викимедија и во иднина ќе продолжиме да ве известуваме за воведените новини. За повеќе информации, посетете го соодветниот блог-напис на Викимедија.

Еве што променивме

  • Прегледник: Го подобривме прегледот за читање и уредување на страниците. Сега менијата над секоја страница појасно укажуваат на тоа дали ја гледате страницата или страница за разговор, и дали ја читате или уредувате страницата.
  • Подобрен алатник за уредување: Го реорганизиравме алатникот за полесна употреба. Сега форматирањето на страниците е упростено и поинтуитивно.
  • Помошник за врски: Едноставна алатка која овозможува додавање врски до други викистраници како и до надворешни семрежни места.
  • Подобрено пребарување: Ги подобривме предлозите при пребарување за што побрзо да ви ја најдеме страницата што ја барате.
  • Други нови функции: Воведовме и помошник за табели со чија помош табелите се прават полесно, а има и можност за пронаоѓање и заменување, со што се упростува уредувањето на страницата.
  • Лого на Википедија: Го подновивме и логото. Прочитајте повеќе на Викимедииниот блог.