User:MarkAHershberger/blog-RTL-Developers-wanted/mk
На МедијаВики работат најголемите и најпознатите викија на светот. Поради популарноста на Википедија, нејзината полезност и посветеноста на заедницата, не постои друг програм што има подобра поддршка за локализација (i18n). Со цел да се подобри поддршката за i18n, се појавија и проекти како translatewiki.net и додатокот Narayam. Ова е воедно и најдобриот аргумент за слободната програмска опрема: ако програмите се во општествена сопственост, самите корисници се погрижуваат тие да работат подобро. Така, сите ние имаме подобра програмска опрема.
Но и покрај сета оваа поддршка, на МедијаВики и Википедија им недостасуваат некои важни нешта. Меѓу наојочигледните пропусти може да се вброи поддршката за јазиците што се пишуваат од десно на лево (RTL) наместо од лево на десно (LTR). Ние навистина се трудиме да ги решиме овие проблеми, но речиси сите наши разработувачи работат на јазици што се пишуваат од лево а десно, па затоа не ги забележуваме проблемите така брзо. Овие пропусти не ни се пред очи секојдневно, и затоа корисниците на викијата на јазици што се пишуваат од десно на лево како العربية (арапскиот), فارسی (персискиот) и עברית (хебрејскиот) немаат соодветна поддршка.
Секој од овие јазици има вики со над 100.000 статии. Сè ми се чини дека некои од учесниците на овие поголеми викија би требало да ги имаат потребните способности за да решат проблемите со пишувањето од десно на лево што веројатно и нив лично ги засегаат.
Мислам дека разработувачите од јазиците во разни насоки меѓусебе не општат доволно. Затоа, ако сте разработувач што работи од десно на лево, Ви велам јасно и гласно: Ни требате! Вие сте нешто што моментално разработувачите на МедијаВики го немаат — нешто што очајно ни треба. Пронајдете грешка, поднесете поправка и Википедија може да работи со Вашиот код!
Еве некои бубачки за почеток
- Насловите на статиите напишани од лево на десно (LTR) се случува да не се прикажат исправно во категории и службени страници кај викијата напишани од десно на лево (RTL)
- Непорамнет текст на податочните страници (само кај викијата напишани од десно на лево)
- Насоченоста (RTL/LTR) на определбите (дефиниции) мора да се совпаѓа со насоченоста на јазикот во којшто се напишани
- Поврзано: Бубачка за следење на најразлични проблеми со RTL
На крај, на МедијаВики му недостасува една важна функционалност, опишана на Bug 6100: Да се овозможи различна насоченост (rtl/ltr) за корисничкиот посредник и содржините на викијата. Се надевам дека набргу ќе најдеме средства за да го решиме овој проблем.