Големи букви и избор на превод
Користењето на големи/мали букви е според практиката на јазикот, а и изборот на превод зависи од местото, а не дали е ист оригиналот на англиски. Би било добро да се даваат предлози или прашања пред да се менува. Тоа за јазикот ми е многу добро познато и затоа овдешните преводи се разликуваат толку многу од вообичаените распарталувања на јазикот денес. Значи, молам да не се менува без консултации. Не одговарам само пред себе.
Каде да давам предлози, те молам да ми појасниш дали на додај тема или на почни нова дискусија. Благодарам
Понатаму ако Големата буква означува име за да се појасни нешто или да се разграничи од секојдневната употреба за некој израз, мислам дека не би требало да прави проблем ако се додаде штиклирање
Дискусијата е најдобро да биде кај мене на страница за разговор. Тоа со големата буква има свои причини кои се сложени за образложување. Едноставно ова не се води според обичните начела на преведување како што се по други места. „Пребарајте за“ е англиска конструкција. Тоа како што си беше е исправно. Би повторил - молам да не се менува ништо, ниту пак создава ново, без консултации.