Преводи

Поздрав До Вас Б. Јанкуловски, како Администратор и бирократ, би ве замолил да ми појасните две работи. Ако мислите дека погрешно сум превел нешто слободно ми појасните каде сум погрешил. Ако мислите дека не го знам добро јазикот кој го говорам, без при тоа да ми појасните каде сум погрешил, тогаш тоа е само ваше мислење. И кула без здрави темели може да се гради па одеднаш да се урне(не знаејќи дека темелите не биле здрави, и само затоа што така било полесно). Дали сакате да преведувам на самата Википедија затоа што вам би ви било полесно системот со кој и на кој сте преведувале да си остане таков каков што е(без разлика дали е исправен или не)или мислите дека ќе има премногу исправки? Поздрав и благодарам.

П.С. Бидејќи сум нов тука, дали би можеле да ми дадете линк каде би можел директно да преведувам на Википедија? Благодарам

Монтехристо (talk)06:00, 10 March 2014

Се разбира дека ова што го реков не се однесува на познавање на јазикот, туку на стотиците (можеби илјадници) поими кои се усвоени од заедницата (на македонската Википедија) во текот на повеќе години (осум откако јас сум активен и администратор таму). Едноставно има врска со практика и нема врска со познавање на јазикот. Јас се извинувам за ова наметнување, ама немам друг избор. Мене директно ќе ме обвинат за промените и ќе речат зошто не си спречил кога си и таму администратор (тука на translatewiki). Знам дека учеството е слободно, но кај јазици како нашиот со неутврдени поими кои не се навлезени во општата свест (туку спротивна и очајна ситуација), едноставно нема никаква смисла да се пореметува долгогодишна работа. Секако, и јас понекогаш менувам поими од корен, за кои ќе најдам соодветен македонски збор, меѓутоа имам во глава цел систем на сите можни зборови и не ги чепкам другите бидејќи имам јасна слика кои се кои и зошто се користат, што не може да биде случај со вас. Значи, состојбата е таква што, иако ми е непријатно да го правам ова, едноставно сум приморан. За да ги научите сите зборови ќе треба да имате долго искуство на вики кај нас, за да знаете зошто се користат, кој кога рекол и заклучил како, но и како размислуваат активните корисници. Сложена работа.

Значи, бидејќи целата заедница со години мене ми его има доверено ова и јас тук работам според неа и според соодветниот развој на многуте поими, едноставно нема таков што може да ја врши работата без да се пореметат многу, многу нешта. Слободно уредувајте на македонската Википедија или на други места.

Тука не врешете ниту исправки, ниту нови преводи. А јас со задоволство ви стојам на располагање доколку имате идеи за нови поими. Секоја од нив веднаш ќе ја продискутираме и може да ја примениме доколку нема пречки.

Еве ја [македонската вики]. Таму преведувајте статии и сл. содржини од англиската, но секако, водејќи се според форматите и начинот, т.е. според постоечките добри статии. Среќно уредување!

B. Jankuloski (talk)12:19, 10 March 2014

Добро Јанкуловски, Верувам дека позицијата ви е одговорна, и не ви завидувам на тоа. Се сложувам во врска со очајноста во врска со општата свест, но за таа состојба смрдеата е од кај главата на рибата(тука мислам на состојбата во нашата ни држава(имаме институт за јазик кој никој не го рецка)). Што се однесува до избор, тука грешиш, сите имаме избор, немој да заличуваш на некој кој сега излегол од Милнеровите експерименти. Морам да приметам, неколку недоследности и некои работи кои можат погрешни импликации да предизвикаат. Прво, повеќето процеси тука се автоматски, така да корисниците треба да имаат чувство дека е автоматски процес а не како некое зелено човече да е во ѓурулти-кутијата па вели еве сега ќе проверам,сега ќе утврдам, еве сега извршувАМ. Второ, ние си имаме свои оригинални изрази кои немаат ништо заедничко со соседните народи, да наведам некои: Качуваат наместо Подигаат(кој е аеднички со Српскиот)Подићи), иста ситуација За жал и Нажалост(кој е заеднички со Српскиот(Нажао)), понатаму Создади кој е соодветен на Create,наместо Направи кој е соодветен на Make,Разреши кој е соодветен на Dismiss, Поставки кој е соодветен на Setting за разлика од Нагодување(кој имплицира преговарање), Ажурирање кој е соодветен на Update(за разлика од измени). За жал, тоа што тука нешто е пракса не значи дека е во согласност со секојдневицата и правилниот Македонски Јазик(поточно со логиката на јазикот(без разлика кој јазик да е)) или правилниот превод, еве за пример јас не видов пред мене Wikipedia Zero некој да ја бил превел како Википедија Нулта. Знам дека ситуацијата е таква каква што е, ама тоа не е нешто кое јас сум го направил такво да биде, јас ако гледам црни работи пред очи можеби е затоа што имам нешто во окото, а не затоа што е црно. Подобро би било да го извадам тоа црнило од окото, пред да кажам дека некој го исклучил светлото, нели. Понатаму, јас би се воздржал од понатамошни преводи, да знам дека грешките би биле исправени, но морате малку стандардот на преведување да го подигнете(професионалноста, земете некои македонски јазични енциклопедии). Еве на пример, ние за перцепција си имаме едно многу оригинално зборче кој ретко кој го применува и тоа не е "осет" туку восприемање, кое има голема искористливост, но помодарството ни наше нема граници(ништо лично, тоа ни е во крвта). Толку од мене, и среќно ви и вам уреедување.

П.С. Доколку решите да ме тргнете од овде тоа е ваше право, но немојте да помислите дека ќе си одам сам ако знам дека сум во право, признавам дека грешам, но моите грешки до сега не се од суштествен карактер(признавам дека со програмирање сум или скаран или нов барем со вики програмирање(барем за сега, но тоа се менува од ден во ден)), така да имајте малку трпение(спасение).

Монтехристо (talk)15:44, 10 March 2014