Преводи на македонски

Fragment of a discussion from User talk:Dziple

Благодарам на разбирањето. Секој тип на учество е многу добредојден кај нас, особено на Википедија, на Ризницата (Commons) итн. Преводите се многу пластични, многу од нив не се буквалистички, освен тие што сметаме дека треба да бидат, а нивното некористење е чиста предрасуда, т.е. чиста навика. Нашата терминологија е намерно различна за да биде поисправна и за да бидеме пример. Сме пресметале дека нашите корисници прекрасно се снаоѓаат и покрај тоа што на сите други места е различно, што значи дека држењето до некоја идеја за јазикот е изводливо. Бидејќи сме енциклопедија, кај нас работите се водат како што треба да се, а не како што се, и тоа функционира. Јас лично пак, имам повеќе образоанија, но имам работено како лектор во Македонија и како лектор во англојазична земја на професорски дела таму, што значи дека материјата ми е сосема запазена и имам прекрасен увид во јазикот. Некогаш мора да се направи нешто што личи грубо, но не е. Погледајте ги словенечкиот, полскиот итн. Таму отсекогаш е така и никој не вели дека е грубо. Да, можеби таму насекаде се совпаѓаат поимите, но затоа пак, како што напоменав, ние можеме да правиме како што мислиме, без притоа да имаме потешкотии. Се извинувам за ова и Ве поканувам на учество на гореспоменатите места, на драго срце и со задоволство. Поздрав

B. Jankuloski (talk)08:30, 14 May 2014