Jump to content

User talk:Dziple

From translatewiki.net

Contents

Thread titleRepliesLast modified
Преводи на македонски200:09, 2 July 2020

Преводи на македонски

Здраво. Гледам дека ги менувате преводите што ги имам правенои произволно давате нови, но тоа вопшто не би го препорачал бидејќи ќе бидат поништени. Тука насекаде доследно се користи стил и терминологија која заедницата ја има градено со години и сите одамна се имаат навикнато на неа. Целиот систем на изрази и поими е пресложен и преобемен за да ви го објаснувам и затоа ќе треба да уредувате на самата Википедија или нешто слично. Тука само можат нептребно да се усложнат работите, па да се отвори голема работа со исправки.

Се разбира дека ова што го реков не се однесува на познавање на јазикот, туку на стотиците (можеби илјадници) поими кои се усвоени од заедницата (на македонската Википедија) во текот на повеќе години (осум откако јас сум активен и администратор таму). Едноставно има врска со практика и нема врска со познавање на јазикот. Јас се извинувам за ова наметнување, ама немам друг избор. Мене директно ќе ме обвинат за промените и ќе речат зошто не си спречил кога си и таму администратор (тука на translatewiki). Знам дека учеството е слободно, но кај јазици како нашиот со неутврдени поими кои не се навлезени во општата свест (туку спротивна и очајна ситуација), едноставно нема никаква смисла да се пореметува долгогодишна работа. Секако, и јас понекогаш менувам поими од корен, за кои ќе најдам соодветен македонски збор, меѓутоа имам во глава цел систем на сите можни зборови и не ги чепкам другите бидејќи имам јасна слика кои се кои и зошто се користат. Значи, состојбата е таква што, иако ми е непријатно да го правам ова, едноставно сум приморан. За да ги научите сите зборови ќе треба да имате долго искуство на вики кај нас, за да знаете зошто се користат, кој кога рекол и заклучил како, но и како размислуваат активните корисници. Сложена работа.

Значи, бидејќи целата заедница со години мене ми го има доверено ова и јас тук работам според неа и според соодветниот развој на многуте поими, едноставно нема таков што може да ја врши работата без да се пореметат многу, многу нешта. Слободно уредувајте на македонската Википедија или на други места. Ова овде едноставно мора да го правам јас или не кој од администраторите кај нас, но никој не е толку навлезен до тој степен како мене и не ни чепкаат ваму.

Уште еднаш се извинувам и Ви благодарам на разбирањето. Поздрав.

B. Jankuloski (talk)09:03, 12 May 2014

Причината поради која почнав да преведувам беше поради тоа што голем дел од преводите не ми се допаѓаа како се преведени. Јас сум последен семестар на академските студии по информатика и сакав да придонесам како познавач на англиската и информатичката терминологија. Голем дел од преводите се 'груби'. Не знам како поинаку да се изјаснам. Но добро што вие велите дека сте ги граделе тие преводи со години и мислите дека се во ред нека остане така. Но голем дел не се во ред. Треба да имате на ум дека дирекно или индиректно голем дел од терминологиите се наметнуваат на корисницити и подоцна се користат во пошироки рамнки не само на самата википедија. Како и да е се што направив беше добронамерно. Од почит кон тоа што сте придонесувале изминатите години нема повеќе на било како начин да ви 'сметам' или да се трудам да придонесам.

Поздрав и се најубаво.

Dziple (talk)09:58, 12 May 2014

Благодарам на разбирањето. Секој тип на учество е многу добредојден кај нас, особено на Википедија, на Ризницата (Commons) итн. Преводите се многу пластични, многу од нив не се буквалистички, освен тие што сметаме дека треба да бидат, а нивното некористење е чиста предрасуда, т.е. чиста навика. Нашата терминологија е намерно различна за да биде поисправна и за да бидеме пример. Сме пресметале дека нашите корисници прекрасно се снаоѓаат и покрај тоа што на сите други места е различно, што значи дека држењето до некоја идеја за јазикот е изводливо. Бидејќи сме енциклопедија, кај нас работите се водат како што треба да се, а не како што се, и тоа функционира. Јас лично пак, имам повеќе образоанија, но имам работено како лектор во Македонија и како лектор во англојазична земја на професорски дела таму, што значи дека материјата ми е сосема запазена и имам прекрасен увид во јазикот. Некогаш мора да се направи нешто што личи грубо, но не е. Погледајте ги словенечкиот, полскиот итн. Таму отсекогаш е така и никој не вели дека е грубо. Да, можеби таму насекаде се совпаѓаат поимите, но затоа пак, како што напоменав, ние можеме да правиме како што мислиме, без притоа да имаме потешкотии. Се извинувам за ова и Ве поканувам на учество на гореспоменатите места, на драго срце и со задоволство. Поздрав

B. Jankuloski (talk)08:30, 14 May 2014