Translating:Old-How to start/mk
Следете ги следниве чекори за преведување на Betawiki:
- зачленете се или најавете се на translatewiki.net
- имајте предвид дека ова име ќе биде додадено во програмските податотеки на МедијаВики ("@author ВашеКорисничкоИме")
- Создајте ја вашата корисничка станица со основни информации и врски (на кои јазици планирате да преведувате, ...)
- нагодете го вашиот кориснички посредник на јазикот на кој ќе работите
- проверете дали на вашиот јазик некој веќе работи на статусната страница за јазикот
- ако веќе има некој кој веќе работи, контактирајте го и прашајте го како можете да помогнете
- ако нема, можете да започнете со вашата работа. Прочитајте ја документацијата и деталите на статусната страница
- Ако вршите преведување на МедијаВики и ако има преводи на некое друго вики, може да побарате веќе преведените пораки да бидат увезени. Ова можете да го побарате тука.
- побарајте да ви бидат доделени привилегии на преведувач
- ако вашетео познавање на англискиот јазик не е толку добро, може да побарате друг јазик да биде додаден над кутијата за преведување за да ви биде од помош при преведувањето (пример)
- започнете со преведување
Вонсемрежно преведување
Во Special:Translate може да извезете група на пораки во .po податотека и да работите вонсемрежно. Внимавајте .po податотеката да ја сочувате во UTF-8! Вратете ја преведената податотека во "translatewiki AT translatewiki DOT net" и проверете дали вашето корисничко име е правилно запишано - сите промени ќе бидат придружени на наведеното име. Повеќе објаснувања на Вонсемрежно преведување
Препорачан начин за преведување на МедијаВики
Проверете дали правилно сте го нагодиле вашиот јазик на јазикот на кој ќе работите. Преведувачите на други проекти можат да ја игнорираат овој список.
- најпрво преведете ги најчесто користените пораки[1]
- преведете ги најважните пораки [2]
- проверете дали треба да ги преведете незадолжителните пораки [3]
- направете проверка на конзистентноста (терминолошка, формална/неформална) на вашата локализација
- преведете ги пораките на додатоците кои се користат на Викимедија викијата[4]
- преведете ги пораките на останатите додатоци [5]
- направете проверка на доследноста (терминологија, формална/неформална) на вашата локализација помеѓу основните пораки и пораките во додатоците
- започнете со редовно одржување на вашата јазична локализација. Препорачливо е ова да се прави барем еднаш месечно.
Прочитајте и понааму ако сакате да дознаете повеќе. Ова не е задолжително, но се препорачува ако сакате да стекнете продлабочена претстава за функциите за локацијација. Меѓутоа можете и да преведувате неколку дена, па да се навратите ако сметате дека ви требаат повеќе информации.
Запомнете: преведувајте ги врските, именските простори, и пораките такви какви што се и не правете деривати од основните пораки повеќе од што е потребно!
Next step | Што може да се преведува |
---|