Преведување:Статистика

From translatewiki.net
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Translating:Statistics and the translation is 100% complete.


Ова е збирка со врски до информации и статистики за translatewiki.net.

Главните извори на статистиките се наведени во три службени страници во додатокот „Преведување“:

  • Степенот на потполност (во проценти) на јазиците: Special:LanguageStats и на проектите: Special:MessageGroupStats,
  • Special:TranslationStats е повеќенаменски исцртувач на графици за уредувања, активни преведувачи или нови корисници. Честопати ќе го видите вметнат во разни долуспоменати страници.

Статистики за јазиците

На порталните страници имаме:

  • Список на преведувачи.
  • Карта на преведувачи по јазик.
  • График на скорешни преводни активности.
  • Врска до скорешните преводи на тој јазик.
  • Други информации за јазикот и преводни ресурси.

Список на сите портални страници ќе најдете на категоријата „Јазици“.

Статистики за проектите

Преводните статистики за проектите се наведени на Special:MessageGroupStats и секогаш се тековни. На страницата можете да ја видите потполноста на преводите на проектот на секој јазик (во проценти). На секоја проектна страница ќе најдете:

  • Врска до скорешните преводи на проектот.
  • Проценти на потполност за минатите верзии (ако ги има).
  • Проценти на потполност за секој ден од минатото.
  • График на скорешни преводни активности.
  • Карта на преведувачите што работеле на проектот и ја навеле својата местоположба.

Список на проекти ќе најдете на страницата „Список на проекти“ или во категоријата „Поддржани проекти“.

Статистики за корисниците

Статистики за translatewiki.net