Project:За translatewiki.net

From translatewiki.net
Jump to: navigation, search
This page is a translated version of a page Project:About and the translation is 100% complete.

Other languages: Arabic 25% • Egyptian Spoken Arabic 10% • Asturian 14% • Azerbaijani 5% • Bavarian 18% • Belarusian (Taraškievica orthography) 28% • Bulgarian 14% • Bengali 5% • Breton 100% • Bosnian 33% • Catalan 100% • Czech 27% • Danish 3% • German 100% • Zazaki 2% • Lower Sorbian 2% • Ewe 3% • English 100% • Spanish 84% • Basque 7% • Persian 4% • Finnish 14% • Faroese 22% • French 100% • Galician 100% • Hebrew 3% • Croatian 14% • Upper Sorbian 100% • Hungarian 10% • Interlingua 100% • Indonesian 48% • Italian 100% • Japanese 100% • Khmer 97% • Korean 6% • Colognian 87% • Kurdish (Latin script) 2% • Luxembourgish 83% • Lithuanian 7% • Latvian 2% • Macedonian 100% • Malay 100% • Norwegian Bokmål 100% • Dutch 100% • Deitsch 9% • Pälzisch 2% • Polish 17% • Piedmontese 100% • Pashto 7% • Portuguese 100% • Brazilian Portuguese 100% • Romanian 17% • Tarandíne 14% • Russian 100% • Rusyn 7% • Sango 2% • Slovenian 21% • Serbian (Cyrillic script) 26% • Swedish 71% • Tamil 10% • Telugu 14% • толышә зывон 5% • Turkish 17% • Ukrainian 100% • Veps 2% • Vietnamese 28% • Yiddish 5% • Simplified Chinese 100% • Traditional Chinese 91%
Torchlight kopete.png

Translatewiki.net е локализациона подлога за преводни заедници, јазични заедници и слободни проекти со отворен код. Започнат е со цел да се локализира МедијаВики. Подоцна додадена е поддршка за проширувањата на МедијаВики, играта FreeCol и други проекти со отворен код. Погледајте го целосниот список на поддржани проекти.

Translatewiki.net не е дел од проектите на Фондацијата Викимедија, ниту пак на било која фондација или отворен проект. Раководители се развивачите Nike и Siebrand кои имаат завидно искуство во i18n и L10n, како и други членови на персоналот. Преведувањето го овозможува додатокот Translate на МедијаВики. Ова вики секогаш содржи експериментален код, и понекогаш знае да се расипе. Но бидете трпеливи, проблемите обично се решаваат доста бргу. Ако наидете на проблем, пријавите го на страницата за поддршка.

Авторски права и одрекување одговорност

CC some rights reserved new.svg
TRANSLATEWIKI.NET НЕ ГАРАНТИРА НЕОСПОРНОСТ

Користете ги преводите на translatewiki.net на ваш сопствен ризик. Тие се направени со намера да бидат корисни, но translatewiki.net не може да ја гарантира исправноста на истите.

Translatewiki.net и неговите уредници не даваат никаква гаранција за содржините, било таа гаранција да е искажана, подразбрана, или статутарна, вклучувајќи, но неограничувајќи се на, било каква гаранција за продажна вредност или погодност за одредена намена, или пак гаранција дека содржините ќе бидат без грешки.

Преводите на преведувачите се лиценцирани со CC-BY 3.0, а изведените дела можат да се лиценцираат под соодветните лиценци на проектите со слободен и отворен код кајшто се применуваат. Содржината на корисничките страници се смета дека ги има „Сите права задржани“ од авторот. Сите останати содржини се лиценцирани со CC-BY 3.0 освен ако не е истакната поинаква лиценца или авторски права.

Историја

Mediawiki-logo.png

Translatewiki.net започна во текот на 2006 г. како пробно вики, дело на корисникот Nike, во соработка со корисникот Gangleri, како алатка за интернационализација за локализација на програмот МедијаВики. Проектот најпрвин го носеше името Betawiki, а сегашното име translatewiki.net го доби на почетокот на 2009 г., со преселувањето на виртуелен опслужувач под сопствено доменско име на 9 ноември 2007. Во октомври 2007 г. translatewiki.net вршеше локализација на 70 јазици, а во јуни 2010 бројот на јазици порасна на 329. Порастот може да се проследи на табелата на достигнувања на МедијаВики. Веќе во јануари 2010 се јави потреба од надградба на капацитетот на опсплужувачот, за да може да се справи со зголемениот обем на работа. Translatewiki.net е великодушно вдомен од Netcup од 2007 г. наваму.

Translatewiki.net постепено доби и други слободни и отворени проекти, започнувајќи со FreeCol во август 2007 г. Во јуни 2010 бројот на поддржани проекти достигна 16.

Сите учесници на translatewiki.net се доброволци, освен еден член на персоналот кој добива паричен надомест за дел од потрошеното време (видете финансирање подолу). Развивачите, администраторите и преведувачите првично беа поканети од проектите на МедијаВики, особено Викмедија. Највеќето учесници и понатаму доаѓаат преку МедијаВики, но ова повеќе не е едиствениот извор на учество благодарение на сè поголемиот број на проекти. Во јуни 2010 имавме 1.860 регистрирани преведувачи.

Во соработка со Stichting Open Progress и FUDforum, translatewiki.net приреди неколку преводни маратони со парични награди, со цел да се подобри локализацијата на МедијаВики и FUDforum.

Целите на translatewiki.net се опишани во Воведот. Техничките помагала за преведувачите се објаснети на страницата Технологија. Овие помагала постојано се дополнуваат и подобруваат со цел да се зголеми ефикасноста на преведување. Тековните потреби и развој на мрежното место се опишани на страниците Задачи и Тековни проблеми и функции.

Обезбедување средства

P economy blue.png
  • Translatewiki.net е љубезно вдомен од Netcup – мрежен простор и виртуелен опслужувач, на нивен трошок започнувајќи од 2007, со надградби во февруари 2008 и јануари 2010 г.
  • GoogleAds се воведени во август 2008, но не се имаат покажано доходовни - досега помалку од 150 евра.
  • Stichting Open Progress од време-на време организираат мараторни со цел за подобрување на локализацијата на МедијаВики, во согласност со горенаведеното.
  • Во октомври 2009 Фондацијата Викимедија склучи договор со Siebrand да работи на translatewiki.net еден ден во неделата во рок од една година.

Задолжени за translatewiki.net

Јадро на екипата

Членовите на основната екипа речиси секојдневно раководат со translatewiki.net. Тие имаат и пристап до опслужувачите и се одговорни за негова непречена работа со што помалку проблеми. За повеќе информации погледајте ги поединечните кориснички страници.

Nike
Основач, се знаимава главно со развој
Siebrand
Раководител на заедницата, координатор на проектот, развивач
Raymond
Применувач на преводи за МедијаВики, развивач
Logo sociology.svg

Зависиме и од работата на другите членови на заедницата:

  • Gangleri – првичен визионер, сега неактивен
  • GerardM – Амбасадор, односи со јавноста, блогови, StatusNet, Twitter
  • Сите контакти на поединечни проекти
  • Сите преведувачи и други членови на проектов

Вики-групи

Како и кај сите викија, учесниците се организирани во разни групи, и секоја има свои привилегии. Регистрираните на ова вики се нарекуваат Корисници. Корисниците се потврдуваат автоматски 4 дена по нивната регистрација, што им овозможува да испраќаат е-пошта до други корисници. Администраторите имаат повеќе привилегии, што главни се однесуваат на заштита на мрежното место од вандализам. Бирократите пак, имаат дополнителни привилегии, меѓу кои и доделување и одземање на кориснички права кај обичните корисници, но бирократскиот статус го добиваат од члеовите на гурпата Персонал. Ботовите се кориснички сметки што вршат задачи по автоматски пат. Тука ретко се користи правото на Увоз, што му овозможува на корисникот да внесе страници донесени од друго вики.

Покрај овие вообичаени викигрупи, translatewiki.net исто така има и посебни викигрупи соодветни на неговата намена. Преведувачите можат да уредуваат заштитени именски простори користејќи го посредникот за преведување. Некои преведувачи можат да работат на нивните преводи вонмрежно. Групата Персонал се состои од општото раководство на ова мрежно место. Тие ги увезуваат пораките што треба да се преведат и ги применуваат завршените преводи во проектите што го користат translatewiki.net. Можат да ги менуваат изворните пораки на англиски за извесни проекти, вклучувајќи го МедијаВики. Тие раководат со сите аспекти на програмската опрема што се користи тука.

Правата што ѝ принадлежат на секоја корисничка група се наведени на страницата Права на кориснички групи. Списоци со членовите на секоја група ќе најдете на страницата Список на корисници.

Истражување

Crystal 128 khelpcenter.png

Преглед на начинот на работа на translatewiki.net

  • На translatewiki.net преведувачите ги преведуваат посредниците на разни програми каде англиските низи од текст се изолирани од кодот и се организирани во поединечни „пораки“.
  • Кога ни се придружува некој нов проект, се увезуваат англиските изворни пораки. Повремено се увезуваат дополнителни англиски пораки.
  • Преводите за секоја порака можат да се прафват на посебна потстраница на англискиот оригинал, за секој јазик, /xxx за јазичен код xxx.
  • Потстраниците со назив /qqq се користат за документација на пораките. Документацијата се пишува рачно и обично е со е поквалитетна кајшто постои добра комуникација со развојната екипа на програмот. Ако коментарите на изворниот код се дел од некој програмски проект, и тие ќе се прикажат на посредникот за превод.
  • Преведувачите даваат предлози за да ја подобрат или поправат изворната англиска порака, или да ја прилагодат за локализација. Ако ова наиде на согласност, потоа се воведува или од членовите на translatewiki.net кои едновремено се развивачи на соодветниот проект, или пак се пријавува кај развивачите на проектот.
  • Завршените преводи за секој јазик се „применуваат“ во проектите од страна на персоналот на translatewiki.net, штом вкупниот број на преводи за проект на тој јазик го преминал договорениот праг. За честитата на примена и праговите на потполност, погледајте ја проектната страница.
  • Објавувањето на програмите со преведените пораки се контролира и извршува од администраторите на проектот и translatewiki.net нема ништо со тоа.
  • Преведувачите што работат на МедијаВики исто така преведуваат назици на специјални страници, волшебни зборови и именски простори, користејќи ја страницата превод на дополнувањата на МедијаВики.
  • При воведувањето на нов јазик во translatewiki.net, на почетокот се локализира писмото и насоката на пишување, и се поставува резервен јазик; потоа може да се локализира форматот за датум и време, форматот за броеви и функциите за множина (PLURAL), граматика (GRAMMAR) и род (GENDER). Моментално ја разгледуваме можноста за усогласување со локализациските податоци на CLDR. Во моментов единствените податоци што се префрлаат непосредно од CLDR на translatewiki.net и МедијаВики се локализираните имиња на јазиците.

Контактирајте нè

Torchlight info.png

Можете да ни пишете порака на главната страница за разговор „Поддршка“. Ако претпочитате да разговарате во живо, тогаш повелете на нашиот IRC-канал #mediawiki-i18n на freenode. Иако не се препорачува, доколку од причини на приватност и безбедност сакате да нè контактирате по е-пошта, тогаш пишете ни на „translatewiki НА xs4all ТОЧКА nl“ - заменувајќи го „НА“ со „@“ и „ТОЧКА“ со „.“ и отстранувајќи празни места во адресата.

  • Прашањата и проблемите во врска со извесен јазик можете да ги дискутирате со неговите преведувачи на страницата за разговор на соодветниот јазичен портал.
  • Прашањата и проблемите во врска со извесен проект можете да ги дискутирате со неговите поддржувачи и оние што контактираат со развивачите на страницата за разговор на проектната страница.
  • Можете да дискутирате прашања и проблеми со поединечни корисници на нивните кориснички страници за разговор, или пак по е-пошта (кликнете на врската за е-пошта во страничната лента на корисничката страница), доколку одбрале да дозволуваат да им се испраќа е-пошта.
Personal tools

Variants
Actions
Translators
Navigation
Toolbox