Проект:Правила за личните податоци

From translatewiki.net
This page is a translated version of the page Project:Privacy policy and the translation is 100% complete.


Општ делокруг

Ова начело опфаќа лично препознатливи информации кои се собрани или складирани на опслужувачите на translatewiki.net во врска со проектот и неговата заедница. Translatewiki.net собира и складира најмало можно количество на лично препознатливи информации, и тоа со цел на остварување на оперативните потреби на проектот.

Јавниот и заеднички карактер на проектите

Translatewiki.net е разработен по заеднички пат од страна на корисниците на програмската опрема на МедијаВики. Секој што има дозвола за преведување можа да ги уредува преводливите страници овде доколку е најавен како зачленет корисник. Со тоа уредниците создаваат издаден документ, и јавне запис на секој збор што го додаваат, одземаат или менуваат. Ова е јавен чин, и уредниците јавно се наведуваат како автори на тие промени. Сите придонеси кон овој проект, и сите јавно достапни информации за тие промени, неотповикливо се лиценцираат и можат слободно да се копираат, цитираат, употребуваат и преработуваат од трети лица со мошне малку ограничувања.

Активности на translatewiki.net

Општо земено, ова Правило важи само за личните информации складирани од translatewiki.net, кои не се јавно достапни.

Содејствата на translatewiki.net кои не се покриени од ова Правило подразбираат (но не се ограничени на) аспекти на прелистувањето и уредувањето на пораки и употреба на функцијата „испраќање е-пошта до корисник“ на викито. Овие содејства можат неселективно да ја откријат IP-адресата на учесникот, а можеби и други лични информации, на пошироката јавност, или на поединечни групи на доброволци кои дејствуваат независно од translatewiki.net.

Корисниците можат да општат меѓусебно вон translatewiki.net по пат на е-пошта, IRC или друг начин на водење разговори, или пак на независни семрежни места, и треба самите да го проценат подразбраниот ризик и личната потреба од приватност пред да ги користат овие средства за меѓусебно општење.

Кориснички сметки и авторство

Translatewiki.net бара уредниците да се зачленат, иако некои страници може да се уредуваат и без најавување со корисничко име, во кој случај тие ќе можат да се препознаат по нивната мрежна IP-адреса. Зачленетите корисници се препознаваат по нивното одбрано корисничко име. Корисниците одбираат лозинка, која е доверлива и се користи за проверка на интегритетот на нивната сметка. Освен ако не се бара по закон, ниедно лице не смее да открива, или намерно да изложува, кориснички лозинки и/или колачиња создадени за препознавање на некој корисник. Штом се создадат, корисничките сметки нема да се отстрануваат, освен во случај на очигледна злонамерност, и оваа одлука ја носи персоналот на translatewiki.net. Корисничкото име може да биде изменето, но персоналот на translatewiki.net не гарантира промена на корисничко име чисто бидејќи тоа е побарано од нив.

Цел на собирањето на лични информации

При собирањето на лично препознатливи податоци, translatewiki.net се ограничува на целите кои ѝ служат на благосостојбата на неговите проекти, вклучувајќи го (но не ограничувајќи се на) следното:

  • Да ја подобри јавната одговорност на проктот. Translatewiki.net признава дека секој систем кој е доволно отворен за да овозможи најголемо можно учество на пошироката јавност исто така е подложен на извесни видови на злоупотреба и контрапродуктивно поведение. Translatewiki.net има повеќе механизми за спречување и поправка на штетни активности. На пример, при истражувањето на штетни постапки на проектот, вклучувајќи злонамерни „марионети“ (дуплирани сметки), вандализам, малтретирање и други употреби, или пак штетни поведенија, Со цел на препознавање на изворот на злонамерни активности може да се употребат IP-адресите на корисниците (изведени од тие дневници или од записи на базата). Овие информации можат да ги споделуваат корисниците со административна надлежност кои имаат за задача да ги штитат проектите.
  • Да обзебеди статистики за семрежното место. Translatewiki.net зема статистички примероци од сирови податоци од дневникот на кориснички посети. Од овие дневници се добиваат статистиките. Сировите податоци не се достапни за јавноста.
  • Да решава технички проблеми. Податоците од дневниците се на увид на програмерите кои ги прегледуваат при решавање на технички проблеми и при разоткривање на штетни семрежни пајаци кои навалуваат на семрежното место.

Translatewiki.net може да вчита ресурси како JavaScript од надворешни опслужувачи, кои може да имаат влијание врз приватноста на корисниците (на пример Google Adwords или помош со преводите). Должност на корисникот е да спречи изложување на непосакувани подробности при вчитувањето на ресурси од надворешни опслужувачи.

Подробности за задржувањето на податоци

Општи очекувања

IP-адреса и други технички информации

Кога еден посетител ќе побара или прочита страница, translatewiki.net не прибира повеќе информации отколку што тоа го прават обичните семрежни места. Translatewiki.net може да ги сочува сировите дневници на ваквите дејства, но тие нема да бидат достапни за јавноста.
При уредувањето на некоја страница од најавен корисник, опслужувачот доверливо складира поврзани информации за IP-адресата и ги чува во ограничен временски период. Тие информации автоматски се бришат со истекот на тој период. Кога уредникот не е најавен, неговата IP-адреса јавно и трајно се наведува како автор на направените уредувања. Постои можност трето лице да го препознае авторот по неговата IP-адреса заедно со другите достапни информации. Најавувањето со зачленето корисничко име овозможува подобро зачувување на приватноста.

Колачиња

Семрежното место става привремено седничко колаче на сметачот на посетителот кога ќе дојде на некоја страница. Читателите кои немаат намера да се најавуваат или уредуваат можат да го одбијат ова колаче; тоа ќе биде избришано на крајот на прелистувачката седница. При најава може да се постават повеќе колачиња со цел на задржување на најавата. Ако го сочувате корисничкото име или лозинката во прелистувачот, тие информации ќе се задржат до 30 дена, и ќе бидат препраќани на опслужувачот при секоја ваша посета на проектот. Учесниците што работат преку јавен сметач и неа сакаат да го откријат нивното корисничко име на идните корисници на сметачот треба да ги исчистат колачињата пред заминување.

Историја на страницата

Уредувањата и другите придонеси кон проектните преводи, кориснички страници, разговорни страници и други страници начелно се задржуваат засекогаш. Отстранувањето на текст од проектот не значи дека истот е трајно избришан. Обично секој може да ги погледа претходните верзии на некоја страница и да види како било и што се изменило. Дури и ако статијата е „избришана“, корисник од доверба со високо ниво на пристап сепак може да го види она што е избришано за јавноста. Информациите можат трајно да се избришат од задолжени лица, но освен ретките случаи кои наложуваат translatewiki.net да ги избрише историските материјали од уредувањата како одѕив на судски налог или еквивалентна правна постапка, не постои гаранција за трајно бришење на такви материјали.

Придонеси на корисникот

Придонесите на корисникот исто така се заведуваат и се чуваат на јавен увид. Тие се заведуваат според нивниот статус на зачленување и најавеност. Податоците за придонесите како времето на уредување и бројот на извршени уредувања се достапни јавно преку списоци на придонеси, и во насобран облик објавен од други корисници.
Читање на проектите
Ние не прибираме повеќе информации за корисниците и другите посетители што ги читаат страниците отколку што обично прибираат семрежните места во нивните опслужувачки дневници. Освен горенаведените сирови податоци што се прибираат за општи цели, идентитетот на посетителот не се изложува јавно со неовото посетување на страниците. Во примероците од сирови дневнички податоци може да се содржи и IP-адреса на било кој корисник, но таа не се изложува јавно.
Уредување на проектите
Уредувањата на страниците се препознаваат по корисничкото име или мрежната IP-адреса на уредникот, а историјата на уредувањата се заведува во список на придонеси на тој автор. Ваквите информации се трајно достапни.
Најавени зачленети корисници:
Најавените корисници не ја откриваат нивната IP-адреса за јавноста, освен во случај на злоупотреба како вандализам на викистраница извршен од корисникот или од некој друг корисник со иста IP-адреса. Корисничката IP-адреса се складира на опслужувачите на translatewiki.net и се чува извесно време, и таа е на увид на администраторите на опслужувачите и на корисниците со пристап „CheckUser“.
Информациите за една IP-адреса, и нејзината поврзаност со кориснички имиња кои ја делат, може да биде објавена под извесни околности (видете подолу).
Уредниците што користат поштенски сервер на фирма од дома или работат преку DSL или кабловска линија, се лесно препознатливи по нивната IP-адреса. Во тој случај лесно е да се препознаат нивните придонеси направени од таа IP-адреса. Во оваа ситуација, за зачувување на приватноста се препорачува употреба на корисничко име.
Ненајавени зачленети корисници и незачленети корисници:
Уредниците што се немаат најавено може да се препознаат по нивната мрежна IP-адреса. Зависно од видот на линијата, оваа IP-адреса може да се проследи до голема семрежна служба, или пак до конкретно училиште, работно место или дом. За потполно препознавање на еден автор овие информации може да се користат заедно со други информации како стил на уредување и нагодувања.
Разговори
На разговорни викистраници:
Сите уредливи страници во теорија може да биде место на водење разговори. Разговорите на translatewiki.net обично се одвиваат на кориснички разговорни страници (во прилог на даден корисник), на разговорни страници на поддржаните проекти (во прилог на дадени поддржани проекти) или пак на страници што се особено назначени да служат како форуми (на пр. Страницата за поддршка). Очекувањата за приватност важат за разговорните страници, исто како на секое друго место.
По е-пошта:
При зачленувањето наведувањето на е-поштенска адреса не е задолжително. Но корисниците што ќе наведат важечки е-поштенски адреси можат да да примаат е-пошта од други најавени корисници преку викито. Коа примате е-пошта од други корисници преку овој систем, вашата е-пошта всушност не е видлива за нив. Кога вие испраќате е-пошта некому, тогаш вашата е-пошта се прикажува како испраќач.
Translatewiki.net може да ја употреби е-поштенската адреса наведена во корисничките нагодувања за комуницирање со корисникот. Корисниците чии сметки немаат важечки е-поштенски адреси нема да можат да стават нова лозинка ако ја заборават постоечката. Меѓутоа во такви ситуации корисникот може да се обрати кај некој од администраторите на опслужувачите на translatewiki.net и да побара од него да внесе нова е-поштенска адреса. Корисникот може и да ја отстрани е-поштенската адреса од неговите нагодувања во било кое време за да спречи нејзина употреба. Личните преписки помеѓу корисниците можат да се чуваат по желба на тие корисници и не подлежат на правилата на translatewiki.net.
На IRC:
IRC-каналите не претставуваат официјален дел од translatewiki.net и не се раководат преку осплужувачите под надлежност на translatewiki.net. IP-адресите на корисниците што водат разговори преку таква служба може да бидат изложени на увид на останатите учесници. Приватноста на корисниците на IRC на секој канал може да се заштити само во согласност со правилата на поединечната служба и канал. Правилата за тоа дали смеат да се објавуваат дневници од разговорите се разликуваат од канал до канал.

Пристап до и објавување на лично препознатливи информации

Пристап:

Проектот го водат претежно доброволни учесници. Некои посветени корисници имаат привилегиран пристап. на пример, нивоата на пристап на корисниците на translatewiki.net се определуваат со присуството на корисникот на разни „поддржани проекти“. Групните кориснички права и членовите на групите се јавни.

Други корисници со пристап до личн препознатливи информации се (но не се ограничува на) корисници со пристап до функцијата CheckUser, кадарот на translatewiki.net, назначени лица, надворешни изведувачи и застапници вработени од раководителите на translatewiki.net, програмерите и други со високо ниво на пристап до опслужувачите.

Споделувањето на информации со други привилегирани корисници не се смета за „дистрибуција“.

Објавување: Правила за објавување на податоци

Според правилата на translatewiki.net лично препознатливите податоци насобрани во опслужувачките дневници, или преку записници на базата добиени по пат на функцијата CheckUser, или пак преку други јавно недостапни методи, може да се објавуваат од страна на доброволците и персоналот на translatewiki.net во некоја од следниве ситуации:

  1. Како одговор на правосилен судски налог или друго обврзувачко барање од внатрешните органи,
  2. Со дозвола од засегнатиот корисник,
  3. Кога тоа е неопходно за истрага на жалби за злоупотреба,
  4. Каде информациите се однесуваат на прегледи на страници направени од пајак или бот и раширувањето на информациите е неопходно за илустрирање или решевање на технички проблеми,
  5. Кога корисникот вандализирал статии или упорно се однесувал на штетен начин, податоците може да се предадат на давател на услуга или друго трето лице за да се помогне во насочувањето на IP-блокови, или во составувањето на жалба до релевантните семрежни служби,
  6. Каде тоа е разумно неопходно за заштита на правата, сопственоста или безбедноста на translatewiki.net, неговите корисници или јавноста.

Освен во горенаведените случаи, правилата на translatewiki.net не дозволуваат распространување на лично препознатливи информации под какви било околности.

Пристап на трето лице и известување на зачленети корисници при добивање на судска постапка:

Како општо начело, пристапот кон, и задржувањето на, лично препознатливите податоци на сите проекти мора да се сведе на минимум и треба да се користи само внатрешно, да ѝ служи на благосостојбата на проектот. Меѓутоа може да се случи translatewiki.net повремено да добие судски налог или некое друго обврзувачко барање од внатрешен орган, суд или еквивалентен владин орган со кој се бара разоткривање на информациите за некој зачленет корисник, и може да биде приуден со закон да соработува. Во случај на такво правно обврзувачко барање, translatewiki.net ќе се обиде да го извести засегнатиот корисник во рок од три работни дена по добивањето на таквото барање со испраќање на известување по е-поштенската адреса што ја навел засегнатиот корисник во неговите кориснички нагодувања (ако ја има).

Translatewiki.net не може да го советува корисникот што ќе добие такво известување за правни работи или пак за тоа како да реагира на правното барање. Меѓутоа translatewiki.net би сакал да соопшти дека таквите корисници по закон може да имаат право да одбијат или да ги ограничат информациите на суд со поднесување на предлог за укинување на судското барање. Корисниците кои сакаат да го одбијат налогот или некое друго обврзувачко барање треба да побараат правно советување во врска со правата и постапките кои важат во нивната ситуација.

Доколку translatewiki.net добие судски поднесен предлог за поништување или друго ограничување на судски докази како последица од некоја постапка на корисник или неговиот адвокат, translatewiki.net нема да ги даде побараните информации сè додека translatewiki.net не добие судски налог за тоа.

Од зачленетите корисници не се бара задолжително да приложат своја е-поштенска адреса. Меѓутоа, ако засегнатиот зачленет корисник не наведе своја е-поштенска адреса, translatewiki.net нема да може да го извести засегнатиот корисник по личен е-поштенски пат кога ќе добие налог од внатрешните органи за разоткривање на лично препознатливи информации за тој корисник.

Одрекување од одговорност

Translatewiki.net смета дека одржувањето и зачувувањето на доверливоста на корисничките податоци е значајна вредност. Овие правила за Заштита на личните податоци и постапките на translatewiki.net претставуваат особен напор за заштита на сигурноста на ограниченото количество на кориснички информации што се прибира и задржува на нашите опслужувачи. Но сепак, translatewiki.net не може да гарантира дека корисничките информации ќе останат лични. Признаваме дека, и покрај нашите усилби за заштита на личните кориснички информации, извесни упорни поединци сепак можат да смислат методи за експлоатација на информации и други начини на откривање на таквите информации и нивно оддавање. Од оваа причина, translatewiki.net не може да ја гарантира дека не постои можност за недозволен пристап до информациите приложени во текот на учеството на поектите на translatewiki.net и поврзаните заедници.

In cases of conflicting information between a translated version of this page and the original version in the English language, the English version will take precedence over the translated version.