Технологија

From translatewiki.net
This page is a translated version of the page Technology and the translation is 100% complete.


translatewiki.net користи повеќе помошни технологии за забрзување и олеснување на преведувачката работа, а со тоа воедно се добиваат и подобри ставки; погледајте го упатството за преведување. Повеќе информации за преводниот погон (независно од ова вики) ќе најдете во општата документација.

Преведувачки помагала

Наједноставните помагала за преведување се просто збир од потенцијално корисни информации.

Преводи на други јазици
Можете да одберете други јазици за приказ додека преведувате. Тие ќе се појавуваат над оригиналот, ако постојат. Тие ќе ви дадат претстава за поимите и граматичките конструкции. Или пак можете да ги користите едноставно за да научите повеќе за тој јазик!
Документација на пораките
Сите програми содржат пораки што се тешки за сфаќање, дури и со контекст. Веројатно е дека една таква пораки веќе има корисна документација на translatewiki.net. Дури и ако нема, ние ќе ви помогнеме да ја добиете. Едноставно поставете барање на нашата страница Support. Документацијата го објаснува контекстот (копче, наслов), содржината на променливите и сето друго што треба да го знаете при преведување на пораката.
Синтаксни проверки
Спроведовме едноставки проверки за да ве известиме за прости грешки како неупотребени или непознати променливи, лошо HTML-означување и неурамнотежени загради. Овие мали грешки честопати доведуваат до расипување на она што треба да се прикаже, и затоа е важно да се воочат навреме.
Поимник
Преведувачите имаат лесен пристап до договорени преводи кога преведуваат. Ние ви даваме алатки за управување со поимник на секој јазик. За поимите без јасен превод може да се отвораат дискусии.

Преведувачки технологии

Ова се понапредни технологии што црпат од достигнувањата во областа на информатиката и јазичната технологија.

Помнење на преводи
Преводното помнење ви дава доследност во преводите, и го забрзува преведувањето на слични и повторливи пораки. Нашето преводно помнење се споделува низ сите поддржани проекти.
Машински превод
Во вклопуваме машинскиот превод за да се забрза преведувањето. Списокот на поддржани услужници и поддржани јазици се разликува со текот на времето.