Translating:Нов проект

From translatewiki.net
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Translating:New project and the translation is 100% complete.

Translatewiki.net сака да расте

Бараме уште проекти! Најслободно обратете ни се и поразговарајте со нас како да го вклучиме вашиот проект на translatewiki.net. Ние го цениме трудот на нашите доброволни преведувачи, што значи дека сме во потрага по здрави проекти во фаза на активен развој за догледно време. Ставаме особен нагласок на комуникацијата помеѓу преведувачите и програмерите. Еве краток список кој наведува што се недеваме да видиме кај еден проект, и кои се постапките на работа по неговото прифаќање.

Бараме...

Отвореност
Отвореност Прифаќаме само проекти што користат лиценца за слободен и отворен код. Мораме непосредно да решиме што да поддржиме а што не. Бидејќи потекнуваме од МедијаВики и Викимедија, ова за нас претставува основна вредност. Доколку вашиот програм не е слободен, но сепак сакате да ја користите истата програмска опрема, погледајте ја документацијата.
 
Развој
Развој Новиот проект треба да е во активен развој и да користи систем за контрола на верзии. Веќе имаме солидни познавања од CVS, Subversion и Git. Проектот треба да има повремени изданија или друг начин на поднова на преводите. Времето за примена на преводите (TIU) треба да се сведе на минимум. Постојат повеќе начини на забрзување на примената на преводите и тие можат да се продискутираат.
 
Примена
Примена Откако тука на translatewiki.net ќе се преведат содржините на вашиот проект, би било идеално ако персоналот на translatewiki.net ги примени промените во вашиот проект. Ова подразбира постапка за додавање јазици и овозможување на пристап за примена на барем еден член на персоналот на translatewiki.net. Ова дава гаранција дека работата на преведувачите ќе биде фактички применета. Персоналот на translatewiki.net има големо искуство со примена на преводи во разни системи за контрола на изворен код.

Сакаме...

поддршка за i18n
поддршка за i18n Пружаме поддршка само на збирот знаци UTF-8. Во системот i18n се претпочита да има поддршка за додатоци за порменливи, повеќе разни множини и десно-леви јазици. Сметаме дека секогаш треба да се има поддршка за граматички форми, како и поддршка за родот на корисникот при непосредно обраќање, или родот на другите корсници што се споменуваат во текстовите на посредникот.
 
Комуникација
Комуникација На translatewiki.net треба да е активен еден програмер на проектот за да може да одговара на прашања, да нè известува за престојните изданија, да врши усогласувања со програмерската група на проектот и тн. Нашиот пристап кон преведувањето функционира најдобро кога постои непречен тек на сознанија помеѓу програмерските и преведувачките заедници. Ова застапништво на проектот игра многу важна улога во тоа.
 
Податотечни формати
Податотечни формати Системот на translatewiki.net се темели на преводни податотеки. Се претпочита употреба на податотечни формати со клучеви, како Java-својства и YAML во стил на Ruby. Поддржани се и PHP-низи, PHP-променливи и Gettext. Известете нè ако сакате да се работи со друг формат; според нашето искуство додадавањето поддршка за други формати не е тешко, особено за некој што добро владее со PHP.


Заинтересирани сте? Одлично. Контактирајте нè на нашиот IRC-канал #mediawiki-i18n на freenode, по е-пошта, или пак на нашата страница за поддршка. Меѓутоа најдобро е да поразговараме во живо и така да ги решаваме евентуалните прашања и проблеми. Но ако сакате најпрвин да разгледате и дознате повеќе, тогаш погледајте ја страницата „Преведување за програмери“.