Вовед

From translatewiki.net
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Translating:Intro and the translation is 100% complete.

translatewiki.net
Вовед
На прво место
Како да почнете
Процеси
Друго
Статистики по верзија
Статистики по групи
Поврзано
Напатствија за локализација
Вонмрежно преведување
ЧПП
Поддршка

Вовед

Преведувањето и прилагодувањето за место се начелно мошне важни, бидејќи ова им овозможува на луѓе кои не го познаваат англискиот јазик да користат програмска опрема. МедијаВики се користи, на пример, како основа за работењето на Википедија на многу јазици, и затоа преведувањето на МедијаВики непосредно им помага на луѓето да дојдат до слободното и бесплатно знаење на сопствениот јазик. Повеќе за условите на Gettext-документација и Википедија.

Тука на translatewiki.net градиме и постојано подобруваме инфраструктура за лесно преведување на отворени проекти и слободни пишани документи. Се стремиме да ги постигнеме нашите две цели.

Нашата прва цел е ефикасност. За да ја зголемиме ефикасноста на процесот, ние потесно се интегрираме во развојниот процес на програмската опрема, за да имаме кратки обртни периоди. Покрај ова, развиваме алатки за автоматизација на интеграцијата на преводите. Ова им олеснува на поединечните преведувачи, и со тоа им остава да се концентрираат само на најдобрите можни преводи.

Нашата втора цел е соработка. Целиот систем е изграден на вики. МедијаВики е популарен вики-погон кој овозможува основа за градење на колаборативни заедници. Им препорачуваме на преведувачите меѓусебно да си помагаат, преминувајќи ги проектните рамки и јазичните граници на повеќе начини, и да играат улога на врзивен материјал помеѓу изработувачите и преведувачите.

Не треба да знаете да програмирате. Ако сте запознаени со вики-програмот, тогаш брзо ќе научите како да го користите translatewiki.net. Единственото што се бара е добро владеење на јазици, прелистувач и отворен ум.

Главниот проект на translatewiki.net – МедијаВики – моментално се користи на повеќе од 300 јазици. Translatewiki.net секој месец добива поднови на над 100 јазици.