Преведување:Како да почнете
translatewiki.net |
---|
Вовед |
На прво место |
Translation tutorial |
Како да почнете |
Поврзано |
Напатствија за локализација |
Вонмрежно преведување |
ЧПП |
Поддршка |
Како да започнете
За да почнете, најпрвин ќе ви треба корисничка сметка на translatewiki.net. Таа се прави за помалку од една минута и служи за следење на она на коешто работите.
Кога правите сметка, ќе добиете некои пробни превди за да се осигураме дејка имате основни познавања од јазиците. Ова не се преводи кои право се објавуваат, туку одат на споредба со постоечки преводи направени од доверливи корисници. Дури потоа ќе ја добиете можбости за переведување во живо. Ова значи дека пораките што ќе ги преведете ќе се користат во следната надградба на програмот/мрежното место!
Општење
На „Поддршка“ можете да поставите било какво прашање или да дадете предлог.
Порталот на вашиот јазик на поредникот, како на пр. portal:mk, е главноо место кајпто ќе најдете информации и активности на дадената јазична заедница. Овде можете да општите со други преведувачи на истиот јзик, да дискутирате за поимите што се користат итн.
Special:WebChat ве поврзува со нашиот канал на IRC преку вашиот прелистувач. Повеќе помош за ова ќе најдете на m:IRC. Накратко, таму можете да разговарате во живо со програмерите и персоналот на translatewiki.net, под претпоставка дека сме таму во тоа време.
Почнете со преведување
Штом че ја добиете дозволата за преведуање, најкверојатно ќе пристапите на преводната алатка. таму се наведени сите групи на пораки што ги имаме на располагање. Највеќето преводи се вршат со оваа алатка. Погледајте го упатството.
Препорачана постапка за преведување на МедијаВики
Преведувачите на други проекти можат да го занемарат овој список.
- најпрвин преведете ги најупотребуваните пораки
- довршете ги главните пораки
- проверете дали треба да преведете незадолжителни пораки
- направете проверка за доследност (терминологија, формалнен/неформален стил) на вашиот превод
- преведете ги имињата на службените страници, волшебните зборови и именските простори на [[Special:AdvancedTranslate]] (привремено оневозможено; погл. phab:T109235)
- преведете ги пораките на додатоците кои се користат на викијата
- преведете ги преостанатите пораки на додатоците
- направете проверка за доследност (терминологија, формалнен/неформален стил) на вашиот превод, споредувајќи ги главните пораки и пораките од додатоците
- почнете да го одржувате преводот на вашиот јазик на регуларна база. Препорачуваме барем еднаш месечно.
Читајте и понатаму ако сакате да знаете повеќе. Иако од вас не се бара да читате повеќе, ова се препорачува за да можете да ги сфатите понапредните функции за преведување. Меѓутоа можете и да поминете неколку дена во преведување, па да се вратите кога сметате дека ви требаат повеќе информации.
Запомнете: преведувајте ги врските, именските простори и пораките како што се и не застранувајте од изворната порака повеќе од што е потребно!